(ВИДЕО) Манчевски: Наместо пари за медиумска пропаганда, решавање на проблемот со водата во Кратово

Од:

 
Кратово е едно од најнеразвиените подрачја во Македонија. Тоа е класичен пример каде што граѓаните немаат основни улосви за живот заради раскошот и луксузот на Скопје 2014.
Но, не само поради тоа туку и поради 20 милиони евра коишто бандата на Груевски, Мијалков и Ставрески ги даде на провладините медиуми, за пропаганда. Дури 5 милиони евра се само слеани кај Љубисав Иванов –Ѕинго во Сител телевизија, 500 илјади евра има земено фирмата „Силекс –Неметали“ за наводно чистење на канали, рече Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.


 
Нашето прво ветување е дека кражбата ќе запре, а парите ќе ги вратат.
 
Со парите коишто се потрошени на раскошот и луксузот, како и со парите дадени на провладините медиуми, во Кратово може да се направат многу работи за граѓаните, да се решат многу проблеми.
 
Може да се отворат нови работни места за младите, за младите да не го напуштаат Картово.
 
СДСМ се обврзува дека ќе инвестира 30 милиони евра за поддржка на мали и средни претпријатија, 10 илјади евра за 320 најдобри идеи за почеток на бизнис.
 
Ова се само дел од мерките за да ги зачуваме младите, и во Кратово.
 
Со само дел од парите коишто отидоа во приватниот џеб на Љубисав Иванов –Ѕинго во Кратово можеше да се реши и проблемот со водата за пиење.
 
Новата демократска влада предводена од СДСМ ветува дека ќе го реши проблемот со водата за пиење, во Кратово и кратовско. 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он