СДСМ: 20 часа пропаганда, уште една потврда зошто е неопходна слободата на медиумите

Од:

„Медиумите на Никола Груевски продолжуваат да ја кријат вистината од граѓаните и да шират лаги во одбрана на криминалот на фамилијата.

Не само што се ставија во одбрана на срамните одлуки на Уставниот суд за изборните измами, медиумите на Груевски се натпреваруваат кој повеќе ќе одработи за ВМРО-ДПМНЕ.

За период од еден месец, од 01.02.2016 до 29.02.2016 година, на МРТВ, Сител, Канал 5 и Алфа се емитувале позитивни прилози за ВМРО-ДПМНЕ во времетраење од 19 часа и 57 минути.

minutaza - fevruari

Тоа се 20 часови континуирана, секојдневна пропаганда.

Негативни прилози за ВМРО-ДПМНЕ речиси и да нема.

Ама затоа негативните прилози за СДСМ се со времетраење од 9 часа и 48 минути.

Наместо објективно, избалансирано, навремено и вистинско информирање на граѓаните медиумите на Никола Груевски шират лаги и водат медиумска пропаганда во интерес на ВМРО-ДПМНЕ.

Овие податоци се уште една потврда зошто е потребна слобода на медиумите и зошто е неопходна регулација на медиумскиот простор во интерес на граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: УЈП собира арач – фали една милјарда евра во буџетот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството