Најмалку 18 лица, меѓу кои и деца, загинаа при сообраќајна несреќа во Оман, откако автобус се судри со камион и комбе за транспорт на лекови, пренесува БТА, цитирајќи ја државната агенција ОНА.
Во инцидентот повредени се 14 лица.
Националноста на жртвите не е потврдена.