СДСМ: Поврзаност на фамилијарните инсталации на Груевски во судството со медиумскиот мрак

Од:

„Фамилијарните инсталации на Груевски во судството, што го рушат функционирањето на правдата и правната држава во Република Македонија, се преплретени и со шемата за контрола врз медиумските курири.

Слободанка Гошева, ќерката на претседателката на Уставниот суд, Елена Гошева, сега е директорка за регулатива и големопродажба во Телеком.

Јавноста со право прашува дали тоа е награда за Слободанка Гошева Гиевска за неуспешниот попис или за послушноста на нејзината мајка, Елена Гошева?

Главен и извршен директор во Телеком е Жарко Луковски, кумашин на Сашо Мијалков.

Јавноста дозна за поврзаноста на радиото Слободна Македонија со фирмата НВСП на Владислав Стајковиќ, близок до братучедот на Груевски, Сашо Мијалков.

Сопственик на фирмата НВСП, основачот на СГС, е Владислав Стајковиќ којшто е во блиска релација со кумашинот на Мијалков, Жарко Луковски.

Стајковиќ е овластено лице и на фирмата „Мобико ДООЕЛ“, каде газда е токму Жарко Луковски.

Ова е уште една причина зошо медиумите под контрола на Никола Груевски ревносно ги бранат партиски диригираните одлуки на Уставниот суд за заштита на изборниот криминал.

Затоа е неопходна слободата на медиумите и затоа е неопходна регулација на медиумскиот простор во интерес на граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он