Кери: Бегалската криза во Европа е „глобален предизвик“

Од:

САД ја смета за егзодус бегалската криза од Блискиот исток во Европа, изјави американскиот државен секретар Џон Кери и оценува дека кризата претставува „глобален предизвик“.

– Тоа не е проблем на некој друг. Тоа е тест за сите нас, истакна Кери во Вашингтон на заедничката прес-конференција со германскиот министер за надворешни работи Франк Волтер Штајнмаер, пренесува Танјуг.

САД смета дека бегалската криза е глобален проблем, објасни Кери, наведувајќи дека „ударот прво го почувствувале Јордан, Либан и Турција.

– Тие понесоа неверојатен товар од војната која трае повеќе од четири години, рече Кери.

Кери нагласи дека приоритет е ангажманот за изнаоѓање политичко решение во Сирија со цел да се стави крај војната во Сирија и да се прекине приливот на бегалци.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот