Чешкиот тенисер Томаш Бердих го победи Французинот Жо Вилфред Цонга со 7:5, 3:6, 6:1 во второто коло на завршниот Мастерс во Лондон.
Во петтиот натпревар на АТП турнирите против Цонга, Бердих ја забележа четвртата победа. Мечот траеше еден час и 54 минути.
Во последното коло во групата, Бердих игра со Новак Ѓоковиќ.