Казни од 10 евроценти за Австријците кои користат благороднички титули

Од:

Ако некој австриски гроф се потпише со неговата титула на покани за некоја свеченост, ќе треба да плати парична казна, бидејќи употребата на благороднички титули во Австрија е забранета со Закон уште од 1919 година, по распадот на Австро-унгарската Монархија. 

И бидејќи, тогаш одредената казна во вредност од 20.000 круни не е променета, денес прекршокот се санкционира со 10 евроценти. 

Ниската вредност на казната е причината поради која австрискиот Парламент предложи промена на законот. 

Претставници на различните парламентарни групи сметаат дека оваа треба да одговара на другите административни казни, на пример да се израмни со износот на глобата за надминување на дозволена брзина или за неправилно паркирање, што значи минимум 30 евра.

Благородниците, кои не го почитуваат закон, при секое следно прекршување ќе плаќаат повисока казна. 

Во прекршувањето на Законот е вклучена употребата на титулите гроф, грофица, барон, баронеса, војвода, војводка, принц и принцеза. 

Предлогот за измена на Законот треба да биде усвоен од Парламентот со двотретинско мнозинство.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он

Пронајден е автомобилот на убиецот Роланд Дрекслер, полицијата интензивно трага по него

Австриската полиција трага по убиецот на градоначалникот на општина Кирхберг

Убиство во Австрија: Ловџија усмрти градоначалник