Илјадници родители во Унгарија не им дозволуваат на своите деца да одат во училиште во знак на протест и несогласување со образовната политика што ја води десничарската влада на Виктор Орбан, јавуваат западни медиуми.
Денешните извештаи покажуваат дека протестот влијаел на одржување на наставата во унгарски училишта. Имено, најмалку 34.000 луѓе ги поддржале противниците на владата на нивната официјална страница на Фејсбук.
Пред две недели десетици илјади луѓе се собраа пред зградта на парламентот во Будимпешта на протести на наставниците поради реформите во образованието кои подразбираат преголема централизација, зголемување на административните задачи и ограничување на изборот на учебници.
Владата го смени државниот секретар задолжен за образование и вети борба со централизацијата во образованието. Премиерот Орбан се обиде да го претстави незадоволството на наставниците предизвикано од малите плати како главна причина, јавуваат западни медиуми.