(ВИДЕО) Гошев: Сите да излезат на големи протести против џелатите на Уставот

Од:

Сакам да ја поддржам јавноста која што е згрозена од оваа експозитура на злостроничкото здружение, вели Петар Гошев поранешен гувернер и министер, кој денеска протестираше пред Уставниот суд.

– Ова не е Уставен суд, ова е експозитура на злосторничко здружение, овие се џелати на правдата. Да се носи таква одлука, во момент кога е јасно дека со фалисификати се одржуваат власт, тоа е вистинска срамота. Мислам дека повеќе луѓе мора да протестираат, да се соберат и да им кажат на овие апаши во РМ дека не може на овој начин да се управува. Не може со секојдневни лаги, со поттикнување меѓуетнички конфликти да се опстојува на власт. Тие ги рушат темелите на Република Македонија, рече Гошев на протестот пред Уставен суд.

Според Гошев, потребен е голем протест и голема енергија да се вложи за да се смени власта.

– А овие луѓе што го претставуваат Уставниот суд треба да се срамат и нив ќе има заврши функцијата и треба да се прашаат што ќе се слуши со нивните деца, рече Гошев.

Би можело да ве интересира

Петар Гошев: Институциите мора да се заинтересираат – кој сака да влезе во Макпетрол?

(ВИДЕО) Гошев: Постапките на власта заслужуваат експлозија од незадоволство

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Гошев: Македонија има огромни проблеми и нема изгледи да ги реши со ваков политички и економски систем

Емир Латифовиќ

Гошев: Или меѓународната заедница да ги апси „криминалците“, или парламентот да го исфрли Груевски од игра

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Гошев: Имам резерви кон човекот во преговорите чија фирма е трета во тендерите за Скопје 2014

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Гошев: Над 700 милиони евра се украдени во Телеком

Емир Латифовиќ