Европската унија треба да почне дискусии дали Русија ја исполнила Минската спогодба за Украина и нема да има автомаско продолжување на санкциите против Москва, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.
– На крајот на првото шестмесечие од оваа година може да се очекува сериозна дебата во рамки на ЕУ за исполнување на Минската спогодба, рече Орбан пред унгарските пратеници во Будимпешта.
– Со други зборови, нема да има автоматско продолжување на санкциите против Русија. Каква одлука и да донесам таа ќе се заснова на детална и објективна анализа на Минската спогодба, додаде тој.