НДМ: Груевски и Заев отворено да порачат дека никој повеќе нема да ги тепа Македонците во сопствената држава

Од:

„Поминаа 48 часа од шокантното сознание дека во демократска Македонија сеуште во заднина полициско-обвинителските активности ги владеат политичките калкулации дека примената на законот спрема припадници на албанското малцинство ќе доведе до нарушување на соживотот во земјата.

Потврдата за ова се гледа од крвничкото претепување на претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, каде сите околности за овој немил настан се познати, а надлежните органи молчат и не ги преземаат потребните активности.

Недозволиво е ситуација во која Македонците го осудуваат споменикот двоглав орел со соопштенија, а Албанците да го осудуваат крстот со ќотек врз Македонците.

Затоа, НДМ бара од властите да го расчистат овој немил настан без оглед што сторителите доаѓаат од владеачката ДУИ.

НДМ најискрено им порачува на ДУИ да престанат со првокациите спрема Македонија и Македонците налик на последната провокација дека Албанците се горди на дивоградбата споменик-двоглав орел, а крстот во Бутел бил провокација за Албанците.

Истовремено, ја користиме приликата по кој знае кој пат да ги повикаме Груески и Заев да се вразумат и да го израдуват македонскиот народ со домашно единство со силна порака дека никој нема повеќе да ги тепа Македонците во сопствената држава“, велат од центарот за комуникации со јавноста на НДМ.

Би можело да ве интересира

„Единствена Македонија“: Скандалозно е што Заев избрал фукницонери кои си играат и учат како се води држава

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бачев поднесе иницијатива со која бара Македонија да не влезе во НАТО

Ана Ололовска

„Единствена Македонија“ официјално ќе побара од Собранието повлекување од НАТО

Ана Ололовска

НДМ стана „Единствена Македонија“: Сојуз со Русија и членство во Еворазиската унија

Наум Локоски

НДМ: Нимиц ја крши резолуцијата 817, Македонија да го префрли спорот за името на правниот терен

Ана Ололовска

НДМ: Столтенберг да им пренесе на НАТО и ЕУ – Жива е Македонија, жив е македонскиот народ!

Ана Ололовска