Бегалската криза во Турција „невозможно е да се среди“

Од:

Би-Би-Си – Лондон

Додека Џамал зборува, меѓу прстите држи изветвена фотокопија на неколку избледени фотографии. Лицата на 13 загинати членови од неговото семејство се на хартијата. Сите се курди од Сирија, кои се удавиле кога нивното бротче потонало крај турскиот брег на пат кон Грција.

– Ова е жена ми, Неџа Акли. Ова е мојата снаа, Шерин Музафар. Ова се моите внуци, Масум и Мухамед. Моторот зариба. Се случи околу осум часот утрото – бевме на половина пат и се уште во турските води, вели Џамал. „Водата навлезе и бротчето почна да тоне. Десет деца и три жени останаа заглавени под палубата. Во вода бевме четири часа и потоа еден рибар не спаси“.

– Тој ја повика крајбрежната стража. Им рековме дека 13 луѓе се се уште под вода и ги преколнувавме да сторат нешто. Им кажувавме, `Браќа, сторете нешто да не спасите, побогу, и за милост на пророкот Мухамед“.

Трагедијата се случила пред три месеци, и оттогаш многумна настрадале од слични гротексни ситуации. Турција е првата земја во критичниот регион. За Европската Унија, клучно е да се реши мигантската криза која го пргонува континентот.

Седиме во мала куќа во мал сокак во Измир, со Џамал и другите преживеани од несреќата – неговиот син и жена му, и трите ќерки тинејџерки.

– Си мислев дека никогаш нема жив да се извлечам, рече 14-годишниот Хемри. „Кога не спасија, постојано плачев и плачев. Се што можев да си замислам е каде е мајка ми – и постојано ги прашував. Го молев и рибарот. `Ве молам, погледајте секаде – пробајте да ги најдете“.

ЕУ смета дека ако ги сопре луѓето да патуваат со чамци до Грција, оние кои ќе ја минат сириската граница ќе останат во Турција.

Џамал не мисли дека мнозина ќе бидат убедени да го сторат тоа.
– Сирија веќе ја нема, Сирија веќе не постои, вели тој. „Цените на намирниицте тука во Турција се високи. Киријата за оваа мала растресена куќичка е 300 долари за месец. Нашите деца тука не можат да одат на училиште – образованието не ни е овозможено. Европа е подобра бидејќи Европејците се грижливи и љубезни. Европа ги почитува луѓето и се грижи за човековите права“.

Малку подоцна стојам на мал рид на брегот и гледам кон бурното темно море и кон едвај од маглата видливите црти на остров како сенка од некоја ветена земја.

Во историјата познат според сексуалното определување на поетот Сафо, грчкот остров Лезбос, кој е само на шест милји од турскиот брег, сега е една од портите кон Европската Унија.

Отпадот расфрлан по карпите и околу боровите дрвја ја кажува својата приказна. Појаси за спасување, ножни пумпи, „мускили“ на надувување за пливање, детски ранец во облик на жаба, пар долен веш.

„Смртоносни појаси“

Во последно време, околу 700 идни мигранти се собраа тука и на други слични заливчиња околу приморскиот град Дикили. Тие се сопрени на патувањето од крајбрежната стража и со автобуси се враќани во Измир.

Хамед Хусеи е човек со суров смисол за хумор, и со неочекувана работа. Како шеф на оделот за хигиена во Дикили тој има задача да чисти зад нередот кој луѓето го оставаат во овие области. Ми вели: „Ова се нашите зимски туристи“, и покажува кон фрлените портокалови појаси за спасување – „јас ги викам смртносни појаси“.

Бројки кои неодамна ги објави Меѓународната агенција за миграција велат дека досега годинава повеќе од 77,000 луѓе тргнале од Турција кон Грција – а 320 досега се удавиле во истото време.

Хамед рече: „Владата, крајбрежната стража, работата 24 часа на ден. И трговците со луѓе работат исто 24 часа – тие само чекаат на паузите“.

Размислувам на зборовите на заменик градоначалникот Чедам Слибол, додека се возиме по кривулестиот пат крај самиот брег.

– Тие доаѓаат дури од сириската граница, стотици милји далеку, до нашиот 40 милји долг брег – со мали заливчиња, многу места каде можат да се сокријат, рече таа. „Градоначалникот ги замоли луѓето од безбедноста да го блокираат патот кон плажите за тие да сопрат, но тоа не се случи“.

Таа додаде: „Денес слушнав како двајца Сиријци пиеле пиво на плажата. Кога ги прашале што прават, тие одговориле: `Ќе си го допиеме пивото и ќе пливаме до Лезбос`. Мажот кој ги нашол ги убедил дека можат да загинат и да не го прават тоа. Ги вратиле во Дикили – но двајцата може да се вратат и да пробаат да го сторат тоа“.

„Идиот“

Мнозина во Турција се чувствуваат како Кануте, очекувајќи да сопрат нешто што е спротивно на немирниот природен феномен. Постои отпор кон Европската Унија која постојано повикува да ги отвори границите кон Сирија и да ги сопре луѓето да патуваат кон Европа.

Неодамна, моќниот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека Турците се третирани како некој кој го има истетовирано зборот „идиот“ на челото. Трите милијарди евра кои ЕУ ги вети не се остварија. Тој рече дека ако ништо не се случи, ќе ги стави мигрантите во авиони и во автобуси и во секој случај ќе ги испрати кон Европа.
Не изненадува што Турција се однесува како изневерена и отрфлена љубовица.

Треба да запомните дека тука има доста долга историја – Турција побара прием во европскиот клуб пред повеќе од 50 години – многу пред Велика Британија и сите источни земји да може да го сонуваат тој сон за таква иднина.

Досега беше држена на стап со морков – делумно заради стравот од масовна миграција од една муслиманска држава. Претседателот Ердоган уште на почетокот на неговата моќ како премиер, беше упорен во барањето за полноправно членство – но Австрија, Франција и Германија ставија до знаење дека никогаш нема да дозволат Турција да биде примена.

Тоа го смени турското расположение и внатрешната политика. Сега ЕУ пак се умилкува – и не треба да изненади тоа што на Турција и треба прилично силно убедување.

Дури и по сопствените стандарди, ЕУ е тврдоглава. Договорот постигнат минатиот ноември беше сопрен од Италија, лута затоа што целосно се издвојува проблемот од кој е засегнат и нејзиниот буџет. Сега тоа е решено, но парите се уште не доаѓаат. Портпарол на Европската кимисија за миграција рече: „Комисијата е подготвена да издвои средства што поскоро штом соодветни проекти ќе бидат програмирани и договорени“.

Тој додаде дека 3-те милијарди евра „се со цел да им се помогне на сириските бегалци во Турција, а не за турските власти“.

Судејќи според условите во неофицијалниот бегалски камп Торбули, тие би можеле нешто и да помогнат тука. Мали девојчиња, валкани и полни со живот, скокаат со големо јаже и се собираат околу мене кикотејќи се за да ги гледаат фотографиите кои ги правам со нив.

Тие и околу илјада други од Сирија, живеат на фармерска земја каде собираат карфиол. Живеат во сини пластични шатори со засечен покрив за да може низ него да излезе олук за ќумбе.

Најблиската чешма со вода за пиење е една милја оддалечена цевка. Изброив 14 кофи и канистри – вода за пиење за 1000 души. Нема тоалети, ниту санитација. Овие луѓе не сакаат да одат во Европа, туку сакаат да си најдат работа.

Предлог-законот со кој ќе им се даде шанса да работат е заглавен во парламентот, а на луѓе кои доаѓаат надвор од Турција официјално не може да им биде даден статус на бегалци. Низ кампот ме шета динамичниот основач на „човечки мост“, хирург и поранешен претседател на Европската асоција на хирурзи, професорот Џем Терзи.

Тој вели: „Овие услови се многу, многу лоши. Тука можете да најдете секаков вид на здравствени проблеми. Инфекции на бели дробови, дијареа, гастроентеритис, и многу инфективни болести. А има и многу новороденчиња и за нив нема вакцинација“.

Во неговата операција, изморен од непрекинатите операции, ме прашува дали ќе ми пречи ако запали цигара. „Турскиот народ е многу пријателски настроен“, вели тој. „Ги делат своите куќи и нивната храна. Но на почетокот мислеа дека сето ова ќе биде привремено. Јавноста сфати дека тие ќе останат – три милиони луѓе. Ќе има социјални и политички измени – турскиот народ ќе ги загуби работните места, и ќе почнат да ги мразат бегалците“.

Турција е силно погодена од сириската граѓанска војна која ја доведе земјата во конфликт со Русија, ги заостри проблемите со курдите па дури и ја подигна опасноста од војна.

Економијата на земјата е разнишаната а многумина сметаат дека претседателот се дистанцира од демократијата и оди кон автократија. Чувството дека ЕУ сака да го стисне балонот од двете страни за да ги сопре своите проблеми е акутен.

Д-р Терзи рече: „Не можеме да се справуваме со три милиони луѓе во една земја – ни треба помош, од Европа, од богатите арапски земји. Но тоа нема да функцонира, и затоа е многу опасно“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски