(ВИДЕО) Спасовски во Тетово: Граѓаните обединети против лажниот патриотизам на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Денеска генералниот секретар на СДСМ и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, придружуван од Дејан Павлески, претседател на Комисијата за локална самоуправа беа меѓу граѓаните на Тетово и тетовско.

Како главни проблеми граѓаните на Тетово ги потенцираа загаденоста на воздухот, невработеноста и иселувањето на младите. Единствената надеж ја гледаат во промените коишто ќе ги предводи СДСМ“, се вели во соопштението на СДСМ.

– Оваа расипничка власт, чекор по чекор ја демонтираме и ја испраќаме во историјата. Никола Груевски и ВМРО-ДПМЕ потрошија 630 милиони евра за споменици, а со само 2 милиони евра можеше да се реши целиот проблем со загадувањето и граѓаните на Тетово и тетовско да дишат чист водух. Сите заеднички мораме да ставиме крај на оваа ненародна власт и да создадеме повторно нормални услови за живот. Се што украдоа од грбот на граѓаните, ќе вратат назад, рече Спасовски.

Во обраќањето пред граѓаните, Спасовски презентираше дел од мерките во Програмата на СДСМ за отворање на нови работни места за младите, како и мерките за бесплатно болничко лекување, укинување на радиодифузната такса и враќањето на ефтината тарифа на струјата. Борбата против корупцијата и криминалот ќе биде во фокусот на новата Влада откако СДСМ ќе ја преземе одговорноста што ќе и ја дадат граѓаните.

Spasovski1

– Сведоци сме на креирање на меѓуетнички тензии за теснопартиски интереси, а на штета на граѓаните, на штета на државата. Тоа е лажниот патриотизам на ВМРО-ДПМНЕ на штета на Македонија што граѓаните многу добро го знаат. ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ веќе се прочитана книга за граѓаните. На ова, заедно со граѓаните ставаме крај. Ќе изградиме едно општество во коешто секој граѓанин ќе живее во слобода, демократија и меѓусебно почитување, потенцираше Спасовски.

Тој се осврна и на срамната одлука на Уставниот суд, каде што по партиска директива на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски се руши уставноста и се прави обид да се заштити изборниот криминал. СДСМ заедно со граѓаните нема да дозволи такво нешто.

Spasovski3

Спасовски пред присутните рече дека на следните фер и демократски избори, со прочистен избирачки список и регулирани медиуми победува СДСМ, граѓаните и европска Македонија.

Би можело да ве интересира

Филипче: Нема да бидеме параван на пропаднатите политики за ЕУ на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС им пречи што ЈПДП има зголемена наплата за 1,1 милион во јули оваа споредено со минатата година, затоа го напаѓаат Трајановски

Петрушевски: ДУИ додека беа дел од власта се согласија да се укине балансерот, сега само бараат причина за дестабилизација, прочитани се

Предраг Петровиќ

СДСМ: Шефот во ЈПДП поставен од Трајановски фатен во нови злоупотреби, не плаќа патарини

СДСМ: Секој ден се палат коли во Скопје, неспособноста на Тошковски е закана за безбедноста

Предраг Петровиќ

СДСМ: За шеф на патарините е назначен човек со бројни злоупотреби зад себе

A1on