СДСМ: Медиумските курири повторно неуспешно шират лаги за Шекеринска

Од:

„Медиумските курири, платени со пари на граѓаните, повторно се обидуваат да шират лаги и на било каков начин да ги поврзат со заменик претседателката на СДСМ.

Како и многу пати досега и овој последен обид на медиумските курири да конструираат случај таму каде што го нема заврши неуспешно.

Да имаше нешто, било што, незаконско или нешто непријавено, власта во заминување ќе апсеше неколку пати. Поминаа 10 години, ВМРО-ДПМНЕ не најде ништо затоа што нема ништо ниту незаконско ниту непријавено.

Оттука е нервозата, плукањето, измислувањето на медиумските курири.

Вистината за Македонија покажа чии се јахтите и луксузните куќи, кој купувал парцели на Водно, мерцедес од 600 илјади евра со телевизори и масажери, со пари на граѓаните на Македонија, најсиромашната држава во Европа“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: СДСМ води ПР-стратегија со која истура лаги и не се бори за граѓаните

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство

(ВИДЕО) Тренчевска: Мицкоски бараше техничката влада да остане до влегувањето на Македонија во ЕУ

Горан Наумовски

Мемов: Конфузија и раскол во СДСМ околу Законот за Влада

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски