Слободанка Гиевска бара извинување од Шилегов и СДСМ

Од:

Слободанка Гиевска, ќерка на претседателот на Уставен суд Елена Гошева, испрати демант во врска со прес конференцијата на СДСМ одржана на 26.02.2016 година.

Од Петре Шилегов и СДСМ бара да и се извинат јавно за, како што вели, невистините кои ги изнеле во врска со неа и нејзиното семејство.

Еве што стои во демантот на Гиевска:

„Во однос на прес конференцијата на СДСМ одржана на ден 26.02.2016 година во која семејството Гошеви беше цел на напад на портпаролот на партијата Петре Шилегов, во целост ги демантирам наводите изнесени од негова страна во кои вели „ Фамилијата Гошеви не само што е директно поврзана и наградувана од ВМРО-ДПМНЕ со високи позиции во државата туку ова семејство преку Слободанка Гошева учествувало и во слични изборни измами при гласањето за време на избор на студентски лидер во 2002 година, обидувајќи се да ги демолира гласачките кутии и да врши притисок врз студентите при гласањето. Наместо да го штитат Уставот и уставниот поредок партиските инсталации во судството го рушат функционирањето на правдата и правната држава. Се, за фамилијата.“

Во врска со овие обвинувања сакам да ја известам јавноста дека во текот на мојата професионална кариера сите позиции сум ги извршувала максимално одговорно и професионално, согласно уставот и законите и на ниту една позиција не сум била назначена како партиски кадар, туку како професионалец во својата област. Во исто време, одговорно тврдам дека никогаш ниту сум учествувала во некакви изборни измами, ниту некому сум вршела притисоци на студентски или било какви други избори, а уште помалку сум работела на уривање на уставниот поредок и на правната држава.

Ваквите паушални обвинувања и неаргументирани констатации очигледно дека немаат никаква друга цел освен да го нарушат мојот углед и да го дискредитираат моето семејство, за цели кои се строго партиски или приватни за СДСМ или Петре Шилегов.

Токму затоа, барам од СДСМ и од сите медиуми кои ја објавија оваа информација да го објават овој демант во целост. Истовремено би сакала да го известам портпаролот на СДСМ Петре Шилегов дека изнесените клевети и навреди ќе добие можност да ги докаже на суд“.

Eве што кажа Шилегов :

„Ќерката на Елена Гошева, првата судика во Уставниот суд, Слободанка Гошева била потпретседателка на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ, УМС.

Сопруг на Слободанка Гошева Гиевска е Игор Гиевски, поранешен претседател на УМС на ВМРО ДПМНЕ. Слободанка Гошева Гиевска, беше претседател на Пописна комисија во пописот што не се спроведе.

Сопруг на Елена Гошева е Ѓорѓи Гошев, поранашен директор на Студентски центар, назначен од ВМРО-ДПМНЕ“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Власта го утна македонското знаме на прославата за 35 години независност, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски