Швајцарските гласачи денеска треба да се изјаснат на референдумот за контроверзната иницијатива на десничарската националистичка партија, која предвидува автомаско протерување на странците, кои ќе бидат осудени дури и за најмало кривично дело.
Швајцарските власти изминатите години ги заострија мерките за влегување и престој на странци, но тие според тврдењата на Народната партија на Швајцарија не се доволни.
Анкетите укажуваат дека исходот на референдумот може да биде неизвесен.
Иницијативата предвидува автоматско протерување на странците поради тешките кривични дела како силување или убиство, но исто така и во случаи на помалку тешки прекршоци како пребрзо возење или вербална навреда на полицаец, доколку бидат извршени два пати во рок од десет години.
Критичарите наведуваат дека оваа иницијатива неправедно ги стигматизира странците.