Бранителот на титулата во НБА лигата, тимот на Голден Стејт по победата остварена ноќеска над Оклахома стигна до 53. триумф, а има пет порази, доволно уште во февруари по само 58 одиграни натпревари да си обезбеди учество во плеј-офот.
Такво достигнување пред 18 години имаше ЛА Лејкерс.
Најзаслужен за победата над Оклахома беше Стеф Кари со 46 постигнати поени и изедначен рекорд со 12 тројки на еден натпревар.
Резултати на НБА натпреварите одиграни ноќеска:
Бостон – Мајами 101:89,
Њу Орлеанс – Минесота 110:112,
Чикаго – Портланд 95:103,
Хјустон – Сан Антонио 94:104,
Милвоки – Детроит 91:102,
Оклахома Сити – Голден Стејт 118:121 (по продолжение),
Феникс – Мемфис 111:106 и
Јута – Бруклин 96:98.
Пласман Источна конференција: Кливленд 41-16 (победи-порази), Торонто 39-18, Бостон 35-25, Мајами 32-26, Атланта 32-27, Индијана 31-27, Шарлот 30-27, Чикаго 30-28,…
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 53-5, Сан Антонио 50-9, Оклахома Сити 41-18, ЛА Клиперс 38-20, Мемфис 34-24, Далас 31-28, Портланд 31-28, Хјустон 29-30,…