СДСМ: Лажниот патриотизам на ВМРО-ДПМНЕ е на штета на државата

Од:

„Повторно се покажа дека лажниот патриотизам на ВМРО-ДПМНЕ е на штета на државата.

Соочени со целосно загубена доверба од граѓаните, во страв од одговорност за криминалот и корупција во изминатите 10 години, ВМРО-ДПМНЕ сака да создава тензии и да провоцира инциденти.

Самиот факт што поставувачи на објектите се градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, двете коалициски партии коишто со години се во власта, кажува кои се организаторите на инцидентите.

Со ваквиот неодговорен однос, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ прават штета на Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ ги потценува граѓаните на Република Македонија. Не поминуваат провидни сценарија.

Граѓаните се обединети во борбата против корупцијата, криминалот, обединети се во желбата за промени, за враќање на слободата, демократијата и европските вредности во Република Македонија.

СДСМ осудува било каков чин на насилство“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он