Во Македонската опера и балет (МОБ) вечер ќе биде изведен романтично-фантастичниот балет во два чина, „Жизел“.
Праизведен е во Париз, во 1841 година. Тој е еден од ретките балети кои имаат непрекината традиција на изведување.
Во „Жизел“ ќе настапат: Мими Поп Алексова-Атанасовска, во насловната улога, Алберт: Бобан Ковачевски, Хиларион: Дојчин Дочев (Бугарија), Мирта: Ивана Коцевска, Селско Па де де: Андријана Петковски и Игор Веланоски .
Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на МОБ. Кореограф е Леонид Лавровски (Русија), а диригент, Бисера Чадловска.