Актерот Дејан Лилиќ ќе биде директор на културен центар во Истанбул

Од:

Министерството за култура го назначи актерот Дејан Лилиќ за директор на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Истанбул, Турција.

Културниот центар во Истанбул ќе почне со работа годинава, а се наоѓа на познатиот плоштад Таксим.

Лилиќ, кој по директорскиот мандат во Македонскиот народен театар, повторно е актер во матичниот Драмски театар, назначен е на новата функција од Владата на Македонија, по предлог на Министерството за надворешни работи. Лилиќ беше директор на МНТ од 2010 до 2015 година.

Овој нов центар се отвара со спогодба меѓу двете држави за реципрочна соработка, па и турски културно-информативен центар ќе биде отворен во Скопје. Тој ќе се наоѓа во Куршумли ан, споменик на културата, кој ќе биде обновен од страна на Турција.

Би можело да ве интересира

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

Почина култниот режисер Дејвид Линч

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ

Во Словенија е објавена и промовирана двојазична антологија на млади македонски поети

Снимањето на серијата за Хари Потер започнува следната година: „Нова актерска екипа“

Предраг Петровиќ

„Недостиг“, нов роман од Симеон Јанков