СДСМ: Груевски не може да се помири дека неговото време заврши

Од:

„Наместо Никола Груевски да даде одговори за злосторничкото здружување и постапките за изборни измами, тој денеска повторно ја покажа желбата на ВМРО-ДПМНЕ да ја поклопува државата на централно но и на локално ниво.

Во кое својство денеска Никола Груевски се појавува во Гази Баба да отвора проекти платени со парите на граѓаните?

Ова е уште една злоупотребата од страна на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и мешање на партијата со државата.

Одвоеност на партијата со државата е критика во сите меѓународни извештаи и барање на целокупната меѓународна заедница да се реши како проблем во Македоинија.

Јасно е дека Груевски не може да се помири со фактот дека неговото време заврши. Доаѓа времето на промени, доаѓа времето на европски вредности.

Секој што го прекрши законот ќе одговара. Тоа Груевски најмногу го плаши“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дали Муцунски во Вашингтон кажа дека владата ВМРО ја спроведува руската и кинеската агенда?

СДСМ го обвини Мицкоски: ЕК нотира системски притисоци врз правосудството

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штерјова: Пропаѓаат милијарди евра од ЕУ, а не 4 милиони евра – Македонија губи поради Мицкоски

(ВИДЕО) Кузеска: Како контролираното судство ја спречи заплената на криминалниот имот на ВМРО и го спаси Груевски

СДСМ: Заради ВМРО-ОКГ, Македонија губи милијарди, а не милиони евра

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Николовски: Додека регионот оди напред, добиваат милијарди од ЕУ, Македонија останува заглавена во место