Писателот Филип Давид се оградил од присуството на претседателот Николиќ

Од:

Писателот Филип Давид на свеченоста на доделувањето на наградата за најчитан писател, според библиотеките во Србија, се огради од присуството на претседателот Томислав Николиќ, бидејќи, како што изјавил, никогаш не ја поддржувал неговата политика.

– Мора да се оградам од присуството на Томислав Николиќ. Ја почитувам институцијата претседател, но уште од 90 – тите години, јас не ја поддржувам политиката на Николиќ, изјави писателот Давид на свеченоста во Белград.

На оваа изјава се спротивставил министерот за култура Иван Тасовац и реагирал велејќи дека изјавата на Давид е непримерена.

– Културата не избира страни, таа има припаѓа на сите и затоа треба внимателно да се избираат зборовите кои ќе се изречат во Народната библиотека на Србија, изјави Тасовац.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска