Тимошенко продолжува да штрајкува со глад

Од:

Јулија Тимошенко не попушта, продолжува да штрајкува со глад.

Лекарите од медицинска комисија на Министерството за здравство на Украина, кои  ја посетија поранешната премиерка  во болницата во  Харков, не успеаја да ја убедат да го прекине штрајкот со глад и да продолжи со лекувањето.

Тимошенко се наоѓа на издржување на  седумгодишна затворска казна под обвинение дека ја злоупотребила  службената положба .

Таа во моментов се наоѓа на лекување во болница на украинските железници.

На 29 октомври таа прогласи штрајк со глад во знак на протест против фалсификатите регистрирани на парламентарните избори во Украина, што се оддржаа ден претходно и на која победа прогласи Партијата на регионите, на актуелниот претседател на Јанукович.

Медициските лица истакнуваат дека дејствуваат единствено во интерес на пациентката и продолжуваат да ги преземаат сите можни мерки за да ја убедат Тимошенко „да се откаже од политички мотивираниот штрајк со глад и да го продолжи неопходното лекување“.

Украинските лекари специјалисти побарале помош од лекарите кои ја лекуваат експремиерката, а се од берлинска болница. Испратена им е покана во следните денови да допатуваат во Украина за да ја прегледаат Тимошенко и да направат препораки за нејзиноот лекување.

 

Би можело да ве интересира

Првите Севернокорејци загинаа во борби со Украинците, вели Зеленски

Мишел: Европа е подготвена да соработува со САД за поддршка на Украина

Кремљ: Путин е отворен за дијалог за Украина со сите заинтересирани страни

Путин: Не се договоривме така

Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина

Русија: Над руска територија беа соборени 17 украински беспилотни летала