Според првични проценки на австриската стопанска комора, воведувањето гранична контрола меѓу држави од Шенген ја чини Австрија дневно околу 2,5 милиони евра. Ако таквата контрола биде воведена на сите граници на државата, расходите ќе се зголемат на околу 8,5 милиони евра дневно, односно 1,2 милијарди евра на годишно ниво.
Престој на граници и отежнета бирократија, ќе погодат обем на извоз за 60 милијарди евра. Зголемувањто нарасходите за два отсто ќе донесе загуби од 1,2 милијарди евра годишно, а дополнителните контроли и по граничните пунктови на автопатиштата ќе го зголеми загубите на годишно ниво на 2,1 милијарди евра.