Стеф Кари продолжува да руши рекорди

Од:

Минатата ноќ во кошаркарската НБА лига повторно мина во знак на најдобриот играч на шампионот Голден Стејт, незадржливиот Стеф Кари.

Кари во победата на „Воините“ над Орландо со 130-114 партиципираше со 51 постигнат поен. Притоа тој реализира дури 20 од 27 шутеви од игра, со што го собори рекордот на Кајл Корвер од Атланта. Кари шутираше неверојатно особено во обидите за три поени, па од 15-те упатени шута за „тројка„ погоди дури десет. За Голден Стејт тоа беше 52-та победа сезонава.

Од останатите натпревари се издвоија и настапите на, Џејмс Харден кој постигна 46 поени за Хјустон во победата над Портланд со 119-105, како и Расел Вестбрук чии 44 поени не и помогнаа на екипата на Оклахома Сити да избегне пораз од Њу Орлеанс со 123-119.

На останатите три натпревари, победа пред својата публика забележа Бостон против Милвоки со 112-107, додека гостински триумфи славеа Сан Антонио над Јута 96-78 и Бруклин кој со 116-106 го победи Феникс.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on