(ВИДЕО) Заев: Промените отвораат нови перспективи за младите

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска беше помеѓу граѓаните на Кочани.

-Погледнете, Кочани се празни, младите бегаат, бараат подобро утре надвор од Македонија, беа зборовите со коишто жителите на Кочани го пречекаа претседателот Заев.

Граѓаните надеж гледаат во промените. Цела Македонија ги очекува на слободни фер и демократски избори.

-Нашата конечна цел е да ја вратиме еднаквоста во општеството, да отвориме нови работни места. Младите да имаат пристојна работа и добра плата за да останат овде, во својата земја. Нашата цел е да обезбедиме приходи од 500 евра. За младите ќе отвориме вистински перспективи и можности за самовработување. Ќе поддржиме отворање на бизнис инкубатори со секаков вид на помош и неповратни 10.000 евра за сопствен бизнис, рече Заев во обраќањето пред насобраните коачанчани.

Претседателот на СДСМ рече дека граѓаните може да ги очекуваат промените на слободни, фер и демократски избори. СДСМ има тим, има програма, СДСМ има решенија за проблемите на граѓаните.

-Се чувствува пролетта и најавата на промените. Промените што сите ги очекувате ќе се случат на слободни, фер и демократски избори. Да, нема да дозволиме нови изборни измами, нов изборен грабеж. Само легитимни, кристално чисти избори ја гарантираат слободната волја на граѓаните. На кредибилни избори, со прочистен избирачки список и реформи за слободни медиуми, победуваат граѓаните и СДСМ, рече Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Поднесуваме нова претставка за навредите и омразата на Бранко Героски

Предраг Петровиќ

СДСМ: УЈП собира арач – фали една милијарда евра во буџетот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски