(ВИДЕО) Шилегов: Пет уставни судии го штитат изборниот криминал на Груевски

Од:

Денеска ќе ги соопштиме луѓето кои преземаа одговорност да го штитат изборниот криминал и изборните измами на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ преку нарачани судски одлуки, вели Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.


Овие се петте партиски послушници на ВМРО-ДПМНЕ во Уставниот суд:

Елена Гошева, избрана за судија во 2012 година.

Никола Ивановски, избран за судија во 2012 година.

Владимир Стојановски, избран 2011 година

Вангелина Маркудова, избрана 2013 година и

Јован Јосифовски, избран 2012 година.

Наместо да го штитат Уставот и уставниот поредок, партиските инсталации во судството го рушат функционирањето на правдата и правната држава.

Целата оваа операција на Никола Груевски е спроведена по експресна постапка од десетина дена.

Иницијативата до Уставниот суд е поднесена на 5-ти февруари, петок. Предметот е започнат да сеработи на 8-ми февруари, понедленик. Допис до Собранието е испратен на 10-ти, а мислењето е добиено на 11-ти февруари.
Целиот предмет бил комплетиран на 18-ти февруари, неполни две недели од поднесувањето на барањето. Одлуката за прифаќање на оваа иницијатива е донесена вчера, на 24-ти февруари, неполни 20 дена од денот на поднесување.

Во нормална постапка за ова се потребни повеќе месеци.

Очигледно дека некој во врвот на ВМРО-ДПМНЕ многу добро знаел за што се покренати постапките од Специјалното јавно обвинителство.

Во суштина, Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ го признаа изборниот криминал, изборните измами.

СДСМ и граѓаните нема да дозволат на ниту да се штити изборен криминал ниту да се превенира нечија намера за повторен изборен грабеж.

Нови криминални избори во Македонија нема да има.

Во Македонија ќе има слободни, фер и демократски избори, со прочистен избирачки список и реформи за слободни медиуми.

Секој што го прекрши законот ќе одговара.

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа