Конкурс на „Феникс“ за објавување книги од талентирани ученици

Од:

Издавачката куќа „Феникс“ заедно со Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ распиша  Конкурс за објавување книги на ученици од основните и од средните училишта во Македонија.

Може да учествуваат сите заинтересирани ученици кои сакаат да објават своја книга во новата едиција „Јуниор“ на издавачката куќа „Феникс“. Планирано е да бидат објавени десет книги од ученици во основните и десет книги од ученици во средните училишта.

Рокот за праќање ракописи е до 15 март 2016. Ракописите треба да бидат испратени во еден примерок на адреса: Издавачка куќа „Феникс“, ул. Костурски херои бр.35, 1000 Скопје.

Книгите ќе бидат објавени со средства од авторите (во зависност од обемот на книгите), а потоа и промовирани во Културниот центар „Феникс“ во Скопје. За најдобрите автори на книгите предвидцени се и награди и признанија.

„Феникс“ соопшти дека повод за да го распише овој нов конкурс бил големиот одѕив и пристигнати трудови од ученици на конкурсот за литертурни и ликовни творби на тема „Јас го разбирам светот“ кој заврши деновиве.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска