СДСМ: Уште еден пример зошто се потребни реформи за слободни медиуми

Од:

„Никола Груевски не сака слободни медиуми и по секоја цена сака да избега од реформите на медиумите.

Уште еднаш се потврди за што служи медиумскиот мрак платен со милиони евра, пари на граѓаните, за ширење лаги и криење на вистината од граѓаните.

Еве што покажуваат резултатите од мерењата на прилозите на медиумите уредувани од Никола Груевски:

vkupnaminutaza

За период од една недела, од 16.02.2016 до 22.02.2016 на МРТВ, Сител, Канал 5 и Алфа, емитувале позитивни прилози за ВМРО-ДПМНЕ во времетраење од 5 часа и 58 минути.

Негативни прилози за ВМРО-ДПМНЕ нема воопшто. Ама затоа негативните прилози за СДСМ се во времетраење од 2 часа и 22 минути.

Наспроти 5-те часа и 58 минити позитивни прилози за ВМРО-ДПМНЕ, за СДСМ позитивните прилози се во времетраење од 29 минути.

Затоа Никола Груевски не сака слободни медиуми.

Но, ништо повеќе не зависи од Никола Груевски.

Во Македонија мора да има и ќе има, слободни, фер и демократски избори.

Избори со прочистен избирачки список и реформи за слободни медиуми“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април – повторно!

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

Платформата 12:05 ги достави предлозите за промени во СДСМ

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче