Концерт „Од Русија со љубов“ на Македонската филхармонија со Ана Кондратенко

Од:

Една од најдобрите македонски виолинистки Ана Кондратенко ќе настапи како солист со Македонската филхармонија на концертот „Од Русија со љубов“, што вечер ќе се одржи во Домот на АРМ.

Овој пат, информираат од Македонската филхармонија, нивниот оркестар предводен од извонредниот Емил Табаков од Бугарија, ќе ја слави убавината на руската музика.

На програмата се Концертот бр. 1 за виолина и оркестар од Дмитриј Шостакович, кој се смета за едно од најдобрите дела на овој рускиот автор, создаден во 1947/48 година и посветен на прочуениот Давид Ојстрах, како и Симфонијата бр. 4 од рускиот гениј Петар Илич Чајковски, една од најдобрите воопшто во симфониската литература.

Ана Кондратенко, која е родена Новосибирск, Русија, почнува да свири виолина на четиригодишна возраст. Таа е концерт-мајстор на Македонската филхармонија. Добитничка е на значајни награди, меѓу кои Прва награда на Меѓународниот конкурс „Blue Lake“ во Мичиген, САД (1992), Втора награда на серускиот конкурс „М. Ерденко“ во Москва, Русија (1995), Трета награда на Меѓународниот конкурс „Е. Мравински“ во Санкт Петербург, Русија (1996), Трета награда и награда од публиката на Меѓународниот конкурс „Yefrah Neaman“ во Маинц, Германија (1997) итн.

Како солист и како концерт-мајстор постојано настапува со Младинскиот симфониски оркестар на Новосибирск, Симфонискиот оркестар на Филхармонијата на Новосибирск, Интернационалниот симфониски оркестар на Мичиген, Класише филхармоние во Бон, Германија итн., патувајќи во Русија, Украина, Унгарија, Германија, Шпанија, Франција, Бразил, САД, Малезија, Кина, Јапонија.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска