Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави денеска во Лопаре дека РС нема намера да го признае Косово.
– Остануваме на нашата одлука и веруваме дека луѓето кои се во органите на БиХ од Република Српска тоа ќе го почитуваат и така и ќе се однесуваат кон ова прашање, потенцира Додик, дополнувајќи дека ваква одлука на ниво на БиХ не може да биде донесена без РС.
– Србија води преговори, ќе го дефинира својот однос кон Косово и тоа е она што ние ќе го следиме. Освен што претседателот на Албанија Бујар Нишани тоа го бара, друга причина за такво нешто нема и нашата одлука нема да биде променета, потенцира Додик.
Нишани денеска во сараево, по средбата со тричленото Претседателство на БиХ изјави дека желба на неговата земја е БиХ да ја признае косовската независност. Нишани рече дека му е драго што наишол на разбирање кај членовите на претседателството на БиХ.
Но, српскиот член на Претседателството на БиХ Младен Иваниќ веднаш потоа свика вонредна прес-конференција на која истакна дека признавање на косовската независност нема да има се додека е тој член на тоа тело.