Првиот светски рекет, Србинот Новак Ѓоковиќ ги продолжи успешните игри на завршниот АТП шампионат во Лондон, со триумф над Енди Мареј со 2:1 во сетови (4-6, 6-3, 7-5).
Со оваа победа српскиот тенисер практично се пласира и во полуфиналето на овој турнир.
„Се надевам дека уживавте, бидејќи Енди и јас игравме до последната топка. Уживав во мечот, немаше да биде незаслужено доколу победеше и Мареј. Многу убаво играше во првиот сет, не можев ништо да направам во тој период“, изјави Ѓоковиќ.
Тој додаде дека ќе ужива во оваа победа, и дека не го интересираат калкулациите.
„Морам да го прошетам кучето вечерва, бидејќи е мој ред, тоа ми е приоритет во моментов“, се пошегува Новак.
Вечерва во вториот меч од А групата играат поразените од 1. коло Томаш Бердих и Жо Вилфред Цонга.