Левица: Ако бидат фер и демократски, изборите на 5 јуни ќе значат крај на автократскиот режим во Македонија

Од:

ВМРО-ДПМНЕ, автократската партија која воспостави автократски режим во Македонија, е принудена да отстапува. Веќе не е онолку силна колку што сака да остава впечаток дека е. Се отвора шанса да си ја повратиме како народ слободата, социјалната правда, земјата!

Одложувањето на изборите за нешто повеќе од еден месец не дава никакви гаранции дека ќе се успее да се создадат сите услови за фер и демократски избори. Но, далеку поважна во овој момент е психолошката победа и ослободувањето што го доживеаја граѓаните, гледајќи како режимот е принуден да отстапува! Преголемо е народното незадоволство од узурпаторите на власта во Македонија! Ако граѓаните се уверат дека режимот може да биде победен, тој нема да доживее само пораз, туку голем пораз на изборите. Никакви ситни подметнувања, лажирања и застрашувања нема да можат да ја загрозат народната победа!

Ако се обезбедат минималните услови за фер и демократски избори на 5 јуни, Левица ќе учествува на тие избори. Предолго големо мнозинство од граѓаните на Македонија беа принудени да гласаат на избори само за оние за кои сметаа дека се помало зло од другите. Па гласаа за ВМРО зашто беа против СДСМ. И гласаа за СДСМ зашто беа против ВМРО. Левица е тука да им понуди нова опција, опција која ќе ја врати чесноста во политиката, опција која нема да го поставува личниот интерес пред општото добро, опција која ќе застане отворено на страната на големото мнозонство на народот, на страната на работниците, сиромашните и обесправените, велат од Левица.

Би можело да ве интересира

Мојсоска: Сега е моментот да им се покаже на големите играчи дека „Македонија е подалеку од Групчин“

Пратеникот Јанчев не возел под дејство на алкохол и над дозволената брзина, моторциклот се забил во вратата на автомобилот, објаснуваат од Левица

„Општината е како гасна комора“ – Активисти на Левица делеа маски на театарскиот фестивал во Аеродром

Мециновиќ за пожарот во Трубарево: Колку богатство може да ве насити?

А1он

Левица со кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар – пратеничката Мојсоска ќе се трка за Струга

Предраг Петровиќ

Манасиевски: Над 700 илјади денари Апасиев ставил во неговиот џеб од парите на партијата Левица, пари кои ги добива од граѓаните преку Буџетот на државата