Топки за средните училишта во Скопје

Од:

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски денеска, во спортската сала на СУГС „Јосип Броз-Тито“, им додели 963 професионални топки на директорите на сите 22 скопски средни училишта. Во зависност од бројот на учениците кои ја следат наставата на секое од 22 средни училишта им се доделени од 35 до 56 топки.

– Градот Скопје денеска повторно дели спортски топки за одбојка, фудбал, кошарка и ракомет на средните училишта, од најпознатите светски брендови. Тоа нека биде уште еден придонес на Град Скопје во долгорочното и успешното остварување на Програмата за средношколски спорт која ја почнавме пред 7 години, рече Трајановски.

Тој посочи дека е задовоен од постигнатите успеси на локален, државен, но и на меѓународен план, како во резултатска, така и во квантитативна смисла, бидејќи, како што посочи, од зголемената масовност на средношколскиот спорт веќе има конкретни, опипливи успеси за почит.

– Покрај реконструкцијата на спортските сали, подобрувањето на енергетската ефикасност на објектите на средните училишта, сметаме дека со делењето на вкупно 963 топки ќе придонесе за уште поголеми достигнувања во оваа област. За реализација на овој значаен проект Градот од својот буџет издвои 750.000 денари, потенцира Трајановски.

Потсети дека и во 2010 година на училиштата им беа поделени 693 топки, а во 2013 година 840 топки.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето