ВИДЕО: Собранието се распушта на 7. април, избори на 5. јуни

Од:

Без дискусија Собранието ја изгласа Предлог одлуката на ДУИ и ДПА за измена на одлуката за распуштање на Парламентот.

Според новата одлука, изгласана со 83 гласа „за“ и три гласа „против“ Собранието ќе се распушти на 7 април, односно 60 дена пред избори, со што се поништува одлуката за избори на 24 април, а новиот датум е 5 јуни.

Владејачкото мнозинство и оваа одлука ја донесе само, односно без гласови од пратениците од опозицијата кои не ја гласаа ниту минатата одлука изборите да се одржат на 24 април.

Собранискиот спикер Трајко Вељаноски истакна дека опозициските министри и дополнителни заменици министри од техничката влада ги повлекле своите оставки, по што следуваа низа негативни коментари од страна на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски соопшти дека министрите и замениците министри од редовите на СДСМ вечерва ги повлекоа оставките.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски