(ВИДЕО) Трајанов: Можен нов датум за избори

Од:

Се исчекува можната одлука која треба да ја усогласат лидерите на 4те политички партии во соработка со претставниците на меѓународната заедница во врска со распуштањето на парламентот.

-Подготвени се 2 одлуки по кои може да расправа парламентот, првата е со можен нов датум на одржување на изборите, а втората е без дефинирање на датум кога ќе се одржат изборите,рече Павле Трајанов.

Одлуките заедно со барањето за итна седница се подготвени од стручните служби и се чека разврската за една од овие две можни сценарија да влезе во собраниска процедура каде по неа ќе се изрази парламентот.

Засега не се знае како ќе се развиваат работите, парламентот се уште има време за промена на одлуката за самораспуштање.

-Работата е да се постигне политички договор сите политички партии што се во парламентот или тие што прават мнозинство треба да се изјаснат и овие процеси треба да добијат друга динамика и друга насока, рече Трајанов.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

ЛП: Скандалозна одлука на Уставниот суд, со мораториумот се докажа дека се можни промени и на општинско ниво

Ана Ололовска

ЛП: Да се забрани трговија на големо и мало во недела и на празници

Ана Ололовска

ЛП: Дислокација на обложувалниците и казината надвор од насeлените места

Ана Ололовска

ЛП: Дали е спроведена истрага за промашувањето на автопатските делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид

Ана Ололовска

ЛП: Реформа во администрацијата е итно потребна

Ана Ололовска

ЛП: Со воведувањето на налепници за возилата нема да се реши проблемот со загадувањето

Ана Ололовска