Обама бара од Конгресот 1,9 милијарди долари за борба против зика вирусот

Од:

Американскиот претседател Барак Обама побара од Конгресот да се одобрат 1,9 милијарди долари со цел да се спречи ширињето на зика вирусот во САД и Јужна Америка.

Обама, исто така, побара од Конгресот и флексибилност во користење на средствата останати од фондот за борба против еболата во 2014 година, кои би се употребиле во борбата против вирусот зика, кој е поврзан со тешки оштетувања на фетусот.

Неколкумина најистакнати републиканци во Конгресот минатата недела и порачаа на Белата куќа дека најбрз начин да се најдат средства за борба против оваа болест е да се искористи дел од околу 2,7 милијарди долари, кои биле наменети за борба против еболата а не се потрошени.

Би можело да ве интересира

Кина издаде предупредување за ризик за туристите кои патуваат во САД

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции кон Иран

Канада возврати на царините на Трамп

ЕУ го воведе првиот сет на царини за увоз од САД

Горан Наумовски

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Иран го отфрли директниот дијалог со САД: Не ја гледаме поентата