Мартин Шулц: Унгарија не е со ЕУ во решавањето на бегалската криза

Од:

Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц во интервју за германската национална телевизија ЗДФ изјави дека Унгарија не е дел од системот на квоти за дистрибуција на бегалци подготвен од ЕУ, затоа што има свој пристап за решавање на миграцијата, но дека други членки на Унијата се подготвени да примат бегалци.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, за разлика од Унгарија која ги одби квотите, според Шулц, бегалци може да примат Португалија и Шпанија, кои предходно беа против системот на квоти.

– Господинот премиер (Виктор) Орбан јасно кажа дека сака да оди по својот пат, изјави Шулц за телевизијата ЗДФ.

Унгарија како членка на Вишеградската група (Полска, Словачка, Чешка и Унгарија) одбива имплементација на системот на квоти и веќе изрази поддршка на идејата за блокада на македонско-грчката граница како начин на спречување на бегалците да дојдат во ЕУ. Од дрига страна, шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Орбан, Јанош Лазар најави дека покрај оградата на границата со Србија, Унгарија ќе се гради заштитен ѕид и кон Романија.

Според Шулц, сепак има надеж дека доволно членки на ЕУ ќе се согласат да примат бегалци според квотите одредени од Брисел.

– Верувам дека има начини повеќе земји-членки на ЕУ да се убедат да примат бегалци, меѓу нив се и Португалија и Шпанија, смета претседателот на Европскиот парламент инаку член на Сцијалдемократската партија на Германија (СПД).

Во врска со Турција како партнер на ЕУ во решавање на кризата, Шулц смета дека официјална Анкара и покрај кризата со која се соочува деновиве по терористичките напади и влошување на состојбата во Сирија, останува сојузник на Унијата во надминување на состојбите како што е договорено предходно.

Шулц во интервјуто говореше и за злоупотребата на дел од германските политички партии на бегалската криза, со што ја дестабилизираат федералната Влада. Според него, бегалската криза не може да се надмине со тактички маневри на политичките партии пред регионалните и федералните парламентарни избори.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп