Романот „Констанца Ринг“ од Амалија Скрам објавен на македонски

Од:

„Македоника литера“ ја објави книгата „Констанца Ринг“ – прв роман на норвешката писателка Амaлија Скрам, објавен во 1885 година, неодминлив во класичната скандинавска и светска литература. Романот од англиски на македонски го преведе Елена Тренчева.

– Контрoверзен и експлицитен, романот им е посветен на сексот, неверството, бракот, правата на жената и моралната хипокризија. Во него е раскажана приказна за млада жена – главната хероина, која очајно се спротивставува на силите кои го воспоставуваат животот на жената во едно општeство кое, пак, ѝ нуди малку избори. Во романот Скрам ги изнесува своите беском­промисни ставови за религијата, бракот и двојните стандарди за мажот и жената во тогашното општество, соопшти издавачот.

Уште со објавувањето овој прв роман на Амaлиja Скрам го следеле контрoверзи и критики поради експлицитните описи и „негативното“ претставување на бракот. Прогресивните творечки ставови на Амaлиja Скрам и нејзините наративни способности да ги наслика интимните борби на жената во конзервативно општество и денес го прават актуелно кај читателите во светот.

Амaлија Скрам (1846-1905) се смета за една од најзначајните норвешки авторки на модерната. Феминистка по убедување, таа ги артикулира ставовите на жената преку нејзиното натуралистичко пишување. Родена е и живеела во Берген, Норвешка, каде што се омажила и живеела со своите синови сѐ до нејзиниот развод во 1878 година. По нејзиното нервно растројство се преселила во Осло, во 1881 година, и ги започнала своите литературни активности. Во 1884 година стапила во брак со данскиот писател Ерик Скрам и се преселила во Копенхаген. Во обид да ги исполни трите улоги на мајка, професионалец и жена, Амaлија Скрам повторно доживеала психичко растројство. Го продолжила својот живот во ментална институција. Починала по шест години, на 58 години.

Покрај „Констанца Ринг“, други нејзини дела се романите „Луси“, „Изневерена“, „Божиќ“, „Луѓе“, книгите раскази „Лето“, „Кнут Тандберг“, драмата „Агнет“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска