САД го одбија предлогот на Северна Кореја да разговараат за мировната спогодба со која конечно ќе се стави крај на Корејската војна, бидејќи со неа нема да се опфати денуклеаризацијата на полуостровот, соопшти Стејт департментот.
Портпаролот на Стејт департментот, Џон Кирби ова го изјави реагирајќи на пишувањето на „Волстрит Џурнал“ дека Белата куќа во тајност се согласила на мировни преговори пред последното тестирање на нуклеарна бомба од страна на Пјонгјанг.
Весникот, повикувајќи се на анонимни американските претставници наведе дека САД барале една од темите на разговори да биде нуклеарната програма на Северна Кореја, но Пјонгјанг го одбил тоа барање.
– Да биде јасно Северна Кореја предложи разговори за мировната спогодба. Внимателно го разгледавме предлогот и јасно ставивме до знаење дека денуклеаризацијата мора да биде дел од тие разговори. Северна Кореја го отфрли нашиот одговор, рече Кирби.
Корејската војна (1950-1953 година) е завешена со примирје, но не и со мировен договор.