Шапуриќ: Спречување на неодржива градба и поевтинување на парното греење за почист воздух во Скопје

Од:

На последната седница на Советот на град Скопје, во рамките на дискусијата за  Информацијата за мерките за мерките што треба да ги преземе градот Скопје за справување со енормното загадување на воздухот во Скопје, поднесена по барање на совтеничката група на Сојзот за иднината, во својата дискусија помеѓу другото, советникот од ЛДП, Зоран Шапуриќ, нагласи дека неодрживата градба во Скопје доведе до масовно уништување на зелените површини и спречување на струење на воздухот, факт што и самите служби на градот го признаваат.

Поради тоа, додаде тој, неопходно е градот да преземе итни мерки за привремен мораториум на изградба на нови  колективни станбени објекти во градот за  период од две години.

Според Шапуриќ, потребно е Град Скопје веднаш да поднесе барање до Регулаторната комисија за енергетика за намалување на цената на парното греење за најмалку 30%. Ова е сосема оправдано ако се земе предвид  дека цената на природниот гас по која се продава во Македонија во однос на измината грејна сезона е помала за повеќе од 40% и тоа во услови кога имаме значително повисоки темератури.

Овие мерки како и воведување на бесплатен автобуски јавен превоз во зимскиот период, може да влијаат за намлување  на загадување на воздухот во Скопје.

Би можело да ве интересира

ЛДП за случајот со Ива Михајлова: Дали да го укинеме судството, кога институциите и онака не функционираат?

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ЛДП бара Владата да се огради од глорификацијата на Ратко Младиќ: „Нема место за величење на осудени за геноцид“

Цветановски: Нема ништо од една изборна единица, големите партии сакаат да го заштитат монополот

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он