Здружението на тениските професионалци АТП, соопшти дека Лондон ќе биде домаќин на завршниот Мастерс до 2015-та година.
Претходно со петгодишен договор беше предвидено дека ова елитно натпреварување ќе се одржи во британската престолнина уште следната година.
„Возбудувањето кое го следи завршниот Мастерс во Лондон проаѓа фантастично. Навивачите, играчите, медиумите, како и комерцијалните партнери ја направија атмосферата во Лондон без преседан“, рече претседателот на АТП, Бред Друит.
Завршниот Мастерс по четири години одржување во Шангај се пресели во Лондон во 2009-тата година.
Претходно градови домаќини на ова натпреварување беа Хјустон, Франкфурт и Њујорк.