Во индиско село забранија немажени да користат мобилен теелфон

Од:

Село во индиската држава Гуџарат во која е роден премиерот Наренда Моди, одлучи да им забрани на жените кои не се мажени да користат мобилни телефони бидејќи се „штетни за општеството“.

Шефот на советот на селото Сураџ каде живеат околу 2.000 луѓе, изјави дека мобилните телефони ги расејуваат младите жени кои треба да се фокусираат на учење и на работа во домот.

Ако млада жена биде „фатена“ да зборува или да носи со себе мобилен телефон, ќе биде казнета со 2.100 рупии (27 евра).

Ако пак некој им поткаже на властите за жена-непочитувачка на забраната – ќе добие награда од 200 рупии (2,6 евра).

Младите жени сепак имаат право да го користат мобилниот телефон на родителите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати