ТХП: Уште колку пати треба да се повтори фактот дека Никола Груевски не е Премиер

Од:

„Уште колку пати треба да се повтори фактот дека Никола Груевски не е Премиер на државата, туку само претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Тој и понатаму не може да се оттргне од улогата на Премиер и продолжува да манипулира со граѓаните.

Имено, тој уште манипулира со населението од Долно Количани ветуваќи им решение на долгогодишниот проблем со водоснабдувањето.

Го прашуваме Груевски, зошто за време на 10 годишно менаџирање со власта не се присети на овие граѓани и не се ни потруди да направи чекори за надминување на овој проблем? Зошто секогаш само пред избори Груевски се присетува на Турците, а после изборите има кратка меморија? Во неговото 10 годишно владеење тој потроши повеќе од 25 милијарди евра, а сепак поголем дел од Турците сѐ уште живеат во најмизерни и праисториски услови.

Итно го повикуваме Никола Груевски да престани со ваквите манипулации и спинувања и конечно да се соочи со вистината дека тој веќе не е Премиер на Република Македонија“, велат од Партија за Движење на Турците во Македонија

Би можело да ве интересира

ТХП: Законот за употреба на јазици да се имплементира според резултатите од пописот

Ана Ололовска

ТХП: Нема да соработуваме со тие политички чинители кои со своите анти-ЕУ, анти-НАТО, антидемократски ставови ја загрозуваат иднината на С. Македонија

Ана Ололовска

Партијата за движење на Турците поддржува заеднички претседателски кандидат

Ана Ололовска

Формирана женска организација на ТХП

Ана Ололовска

Движењето на Турците со свој предлог за претседателски кандидат

Бошњаковски: Одговорот за барањето за разрешување на Аднан Ќахил треба да се бара кај политичките субјекти

Ана Ололовска