ММФ одобри две транши за Албанија во износ од 72,4 милиони евра

Од:

Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд одобри две транши во износ од 72,4 милиони евра, од кредитот претходно одобрен на албанската Влада во износ 226,8 милиони евра.

Оваа одлука доаѓа по посетата на мисијата на ММФ во Тирана во ноември 2015 година, која оценила дека албанската економија оди во позитивен правец.

– Мисијата на експертско ниво одобри две транши за Албанија како дел од договорот за сорботка. На 26 февруари 2014 година ММФ одобри продолжување за 36 месеци на договорот со Албанија вреден 330,9 милиони евра, пренесува весникот „Шекули“.

Според истиот извор, ММФ оценува дека се оди според планот: главните економски показатели покажуваат стабилност, а структурните реформи ги даваат првите резултати.

По донесената одлука, заменик генералниот директор на ММФ, Мин Жу изјавил дека заживувањето на албанската економија е на вистинскиот пат и покрај опасностите за пад на економијата. Тој порачува дека Владата треба да продолжи со програмата на реформи за да го зголеми потенцијалот на земјата за раст, зачувувајќи ја макроекономската стабилност.

Би можело да ве интересира

Димитриеска-Кочоска на средби во ММФ – Го стабилизираме управувањето со јавните финансии, фокусот е на дисциплинирано буџетско трошење, ефикасно прибирање на приходите и економски раст

ММФ: На глобалната економија и се закануваат високи долгови и низок проектиран раст

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка

ММФ: Војната во Украина продолжува да предизвикува загуби, ќе трае најмалку уште една година

Горан Наумовски

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели