Во кошаркарската НБА лига ноќеска беа одиграни само три натпревари, а на сите победи остварија домашните екипи.
Во првиот од двата дерби натпревари, Кливленд славеше победа над Чикаго со 106-95. Предводник на „Кавалирси’’ и овoј пат беше Леброн Џејмс кој средбата ја заврши со 29 поени, а оствари и по 9 скокови и асистенции, додека Кајри Ирвинг постигнаа 19 поени. Кај гостите од Чикаго најефикасен беше Дерик Роуз кој постигна 28 поени, на кои пак придодаде и 7 скока.
Во Лос Анџелес се одигра вториот дерби меч, каде екипата на Клиперси предводена од Крис Пол кој средбата ја заврши со „дабл-дабл„ од 28 поени и 12 скокови, славеше победа над Сан Антонио со 105-95.
Доминацијата на домашните тимови ја дополни Вашингтон кој со 103-89 ја победи Јута.
Табела – Источна конференција: Кливленд 39-14 (победи-порази), Торонто 35-17, Бостон 32-23, Атланта 31-24, Мајами 29-24, Индијана 28-25, Шарлот 27-26, Чикаго 27-26 …
Табела – Западна конференција: Голден Стејт 48-4, Сан Антонио 45-9, Оклахома Сити 40-14, Л.A. Клиперс 36-18, Мемфис 31-22, Далас 29-26, Портланд 27-27, Хјустон 27-28 …