А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Седници пет собраниски комисии

by А1он19/02/2016 - 08:51121
Share0

Во Собранието на Република Македонија денеска седници треба да одржат Комисијата за здравство, Комисијата за надворешна политика, Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за култура и Законодавно-правната комисија.

Добивај вести на вибер

Комисија за здравство треба да расправа за измените и дополнувањата на Законот за санитарната и здравствената инспекција, на Законот за заштита на населението од заразни болести и за Предлог – законот за Центар за извонредност за трансплантациона медицина и хируршки болести, сите во второ читање.

Меѓу точките на дневниот ред се и измените и дополнувањата на Законот за земање и пресадување на делови на човечкото тело заради лекување, на Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност,  на Законот за јавно здравје, на Законот за здравственото осигурување и на Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување, исто така во второ читање.

Неколку предлог-закони за ратификации на спогодби меѓу Македонија и други држави се на дневен ред на Комисија за надворешна политика.

Измените и дополнувањата на Законот за обезбедување на побарувањата, на Законот за матичната евиденција, како и предлог-законите за извршување и за нотаријат се точки за кои денеска ќе расправа Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

Пред членовите на Комисија за култура ќе биде Предлог-програмата за одбележување на јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности во Република Македонија за 2016 година, а Законодавно-правната комисија ќе се произнесе за законитоста на предлог законите што ќе бидат на дневен ред на претходно споменатите комисии.

sobranie

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Горан Наумовски05/03/2026 - 11:45

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:49

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:36

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Горан Наумовски25/02/2026 - 15:54

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски19/02/2026 - 14:5019/02/2026 - 14:50

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Катерина Ѓуровски18/02/2026 - 12:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен