Унгарија соопшти дека затвора три гранични премини на границата со Хрватска, преку кои минатата година поминаа илјадници мигранти.
Премините ќе бидат затворени 30 денови почнувајќи од 21 февруари.
Указот на министерот за внатрешни работи Шандор Шинтер е мотивирано со „заштита на јавната безбедност“, без да споменува притоа мигранти или повеќе детали.
Толпи мигранти влегоа во Унгарија преку премините Муракерестур -Коториба, Декенеш – Копривница и Модјарболи – Бели Манастир на пат за Германија во минатата година. Тој бран запре откако Унгарија подигна ограда на јужната граница со Србија и со Хрватска на крајот на 2015 година.