Средба на Спасовски со полскиот амбасадор Јацек Мултановски

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска се сретна со амбасадорот на Полска во Република Македонија Јацек Мултановски, при што била истакната добрата соработка помеѓу двете земји, особено помеѓу министерствата за внатрешни работи, соопшти МВР.

– На средбата беше разговарано и  за миграциската криза, како и за начините како да се надмине овој проблем, се наведува во соопштението.

Двајцата соговорници размениле мислења и за политичката криза во Република Македонија, при што Амбасадорот ја истакнал поддршката што Република Полска и ја дава на Република Македонија за решавање на проблемот.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци