Промоција на поетската книга „Црно на бело“ од Лидија Димковска

Од:

Во киното „Фросина“ во МКЦ вечер ќе биде промовирана новата поетска книга на Лидија Димковска, насловена „Црно на бело”, во издание на ИЛИ-ИЛИ.

„Црно на бело” е прва книга во новата едиција на ИЛИ-ИЛИ насловена „Поеза”, како логично надоврзување на популарната прозна едиција „ПРОаЗА”, во чии рамки досега излегоа и двата романа на Димковска, реизданието на „Скриена камера” и наградуваниот роман „Резервен живот” (награда за литература на Европската унија и „Стале Попов” на ДПМ), информира издавачот.

Излегувањето на книгата е помогнато од Министерството за култура на РМ. За книгата ќе зборуваат промоторите Елизабета Шелева, Оливера Ќорвезироска и Гоце Смилевски, а на публиката ќе и се обрати и авторката низ стихови и одговори на прашањата за нејзината нова поетска книга, по пауза од седум години.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска